Седумнаесет од 27 земји членки на Европската унија, како и Обединетото Кралство, се наоѓаат во црвената зона на новата европска мапа на ограничувања на движењето. Картата ја објави Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ) и само три земји на ЕУ се претежно зелени. Тоа се Норвешка, Финска и Грција.
Пет земји – Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија се главно означени со портокалова боја. Германија, Австрија, Шведска, Данска и Исланд не се обележани со боја поради недоволни податоци за тестовите.
Според препораките, спротивно на оние кои доаѓаат од зелената зона, патниците од портокаловата и црвената (или сивата) зона можат да бидат предмет на одредени ограничувања.
За да може еден регион да се класифицира во зелена боја, мора да има помалку од 25 нови случаи на 100.000 жители во последните две недели и помалку од 4 проценти позитивни тестови од вкупниот број тестирани. Регионот е во црвена зона кога бројот на нови случаи во последните две недели е поголем од 50 и кога процентот на позитивни од вкупниот број напаравени тестови е поголем од 4 проценти, или кога критериумот за нови случаи надминува 150 н 100.000 жители.
Постојат два случаи во портокалова категорија, региони со помалку од 50 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивни е поголем од четири проценти, или има помеѓу 25 и 150 нови случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивно тестирани е помал од четири проценти.
The first?map has just been published!
The maps include information on:
▪️ the 14-day notification rate of new confirmed #COVID19 cases at subnational level
▪️ weekly COVID-19 testing rates
▪️ testing positivity rates
▪️ a map with a combined indicator based on the algorithm pic.twitter.com/5fkPuduWwj— ECDC (@ECDC_EU) October 15, 2020