Повеќе од 60.000 луѓе се пријавиле доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против ковид-19 во Москва, вели градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
– Повеќе од 60.000 лица се пријавија доброволно, а илјадници луѓе ги поминаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање – рече Собјанин во интервју за програмата на телевизиската станица „Русија-1“.
Собјанин додаде дека повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината „Спутник V“ како дел од тестирањето, и дека сите се чувствуваат добро.