Русија бележи рекордно зголемување на бројот на заболени со коронавирус во последните 24 часа, при што повеќе од 10.000 лица официјално се заболени еден ден откако претседателот Владимир Путин изјави дека следната недела ќе биде пресудна во борбата против ширењето на вирусот.
Бројот на потврдени заразени лица е зголемен за 1.459, а уште 13 се починати. Вкупниот број починати во Русија досега изнесува 76 лица.
Москва, најтешко погодениот регион, и многу други региони се во делумна изолација веќе втора недела. На граѓаните им е наложено да останат дома и да излегуваат само за да купат храна или да одат на лекар доколку е итно.