Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да останат трпеливи поради ограничувањата што се во сила со цел да се забави ширењето на коронавирусот, проценувајќи дека „светлото на крајот од тунелот“ ќе пристигне заедно со вакцините.
Во говорот во германскиот парламент, Бундестагот, еден ден по договорот со шефовите на владите на федералните провинции за продолжување на ограничувањата барем до 20 декември, Меркел рече дека е потребно да се осигура дека болниците не се преоптоварени.
– Борбата против пандемијата не е во врска со здравјето или економијата, здравството или образованието, здравството или културата, здравството или социјалните контакти, туку за сите овие работи заедно – рече таа.