Во Јужна Америка се бележи значително зголемување на случаите на коронавирус, при што Бразил има најголем број случаи, достигнувајќи вчера 685.427, со 37.312 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Самп еден ден претходно, во саботата, латиноамериканската држава имаше вкупно 35.930 смртни случаи и 672.846 потврдени случаи на ковид-19.
Мексиканското Министерство за здравство во неделата објави 3.484 нови случаи на коронавирус и 188 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени достигна 117.103 лица и 13.699 смртни случаи во земјата. Владата соопшти дека реалниот број на заразени е значително поголем од потврдените случаи.
Бројот на новопотврдени случаи на коронавирус во Панама во неделата беше 16.425, што претставува зголемување од 421 во однос на претходниот ден, а бројот на починати се искачи на 393, соопшти тамошната епидемиолошка служба.