Повеќе од 577.000 нови случаи на ковид-19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со што вкупниот број на случаи се над 60 милиони.
Според СЗО, повеќе од 11.000 луѓе починале како резултат на инфекција со коронавирусот, а вкупно повеќе од 1,41 милиони луѓе го загубиле животот, пренесува агенцијата ТАСС.
Најголем број заразени лица за еден ден, според СЗО, е забележан на 14 ноември – 646.154.
Податоците објавени од СЗО, како што истакнува оваа организација, се засноваат само на потврдени податоци што ги добиваат од официјалните извори на секоја од земјите. Во Јужна и Северна Америка се повеќе од 40 проценти од вкупниот број на нови случаи, околу 236,000. На второ место е Европа со 234.400 случаи, следена е Југоисточна Азија со 56.019 нови инфекции.