Дали претседателот Доналд Трамп не знае дека луѓето ќе му веруваат кога зборува од говорницата во Белата куќа? Или дали не му е грижа, се прашува Закари Б. Вулф во неговата колумна за Си-ен-ен, по повод контроверзите совети на американскиот претседател за лечење на заболените од коронавирус кои предизвикаа реакции во светската јавност.
– Тој повторно јасно стави до знаење дека не го разбира концептот на науката или не му е гајле за него. И двете опции се лоши. Тој е претседателот. Тоа нема да се смени уште барем девет месеци, а можеби ниту за четири години потоа. Но сега измислува лекарства. Дури и да поведувате дека неговите лоши совети биле сарказам (иако не би требале), ајде сите да се согласиме дека времето за сарказам заврши во периодот кога пандемијата се појави – пишува Вулф.
Дали способните доктори околу него треба да поднесат оставка? Тој на моменти ги слушаше. Трамп го критикуваше ублажувањето на мерките во Џорџија откако разговараше со д-р Дебора Брикс. Таа и експрертот за заразни болести Ентони Фаучи го убедија да ги прифати препораките за социјално дистанцирање.
Сите генерали на Трамп заминаа. Прашањето „треба ли да останам или да заминам“ е главна тема на претседателството на Трамп. Сите генерали кои првобитно беа присутни во неговата администрација беа или избркани или поднесоа оставка.
Докторите засега останаа. Прашањето што треба експертите да сторат делува уште поакутно за време на пандемијата, кога илјадници Американци умираат.
Постои и здружен обид меѓу членовите на кабинетот на Трамп да издејствуваат претседателот да прекине да дава дневни брифинзи за коронавирусот, според извори на Си-ен-ен. Наводниот напор уследи по брифинците од кои дел траеја и повеќе од два часа, во изминатите две недели. Постои одредена согласност во Западното крило од Белата куќа дека дел од прес-конференциите траеја предолго со што на Трамп и на луѓето од неговата администрација им снемуваа теми поврзани со коронавирусот. Како резултат на ваквата ситуација брифинзите преминувале кон политичките прашања, како што забележале од кабинетот на Трамп, според наводите на Си-ен-ен.