Германскиот министер за економија Питер Алтмаер денеска ги повика 16 сојузни држави да ги укинат рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот.
Според децентрализираниот политички систем на Германија, државите имаат моќ да ги спроведат и укинат мерките за социјална дистанца на кои се потпира федералната влада за да го ограничи ширењето на вирусот, објави „Ројтерс“.
Германската канцеларка Ангела Меркел се спротивставува на притисокот од деловните групи за побрзо укинување на ограничувањата.
Германија има околу 155.000 заболени од коронавирус, но само 5.750 смртни случаи, многу помалку отколку во Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија.
– Како личност која верува во одлуки засновани врз факти, препорачувам да постапуваме многу внимателно, за да не бидеме принудени да ги укинеме ублажувачките мерки – изјави за Радио Дојчландфунк министерот за економија, Питер Алтмаер, еден од најблиските сојузници на Меркел.