Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на порталот „Ворлдометерс“.
Најголем број случаи има во САД, каде речиси 3,1 милион луѓе се разболеле од почетокот на епидемијата, а 134.030 починале. Следува Бразил со 1,67 милиони случаи и 66.868 смртни случаи.
По нив се Индија, Русија, Перу, Чиле, Шпанија…
Од европските земји, според бројот на заболени најтешка е ситуацијата во Шпанија (299.210), a во Велика Британија според бројот на починати (44.517), додека неколку места зад нив е Италија, која долго време важеше за жариште на коронавирусот во Европа.
Од земјите во регионот, Романија е најпогодена од вирусот.
Кина, од која ковид-19 се прошири низ целиот свет, се наоѓа на 22. место со 83.572 вкупно заразени и 4.634 починати.
Во светски рамки, како последица од вирусот починале 547.834 луѓе, а се опоравиле скоро седум милиони.