Британскиот премиер Борис Џонсон планира да се врати на своите државнички должности веќе в понеделник, објави лондонски „Телеграф“.
Според „Ројтерс“, Џонсон им кажал на своите соработници да закажат седница со министрите следната недела, бидејќи тој сака да го надомести времето поминато во закрепнување од ковид-19.
Џонсон беше пуштен од болницата „Св. Томас“ во Лондон на 12 април, каде беше примен на 5 април, откако беше откриено дека е заразен со коронавирус.
Британскиот премиер првично имаше поблаги симптоми на болеста, но неговата состојба се влоши во болницата и тој помина три дена на интензивна нега.