Шведска, чиј поинаков пристап кон пандемијата го привлече меѓународното внимание, признава дека не ги заштитила соодветно постарите лица затоа што скоро сите смртни случаи поврзани со ковид-19 во земјата биле во старечки домови.

Во шведските медиуми има бројни написи за вработените во старечки дом кои продолжуваат да работат и покрај недостигот на заштитна опрема.Сепак, некои, одбиле да дојдат на работа поради што се јавил недостиг на персонал во домовите. Други, пак, признале дека одат на работа и покрај симптомите на коронавирус, додека некои штитеници, наводно, биле заразени додека ги посетувале болниците заради други проблеми, по што биле вратени во домовите, каде што, не знаејќи го ширеле вирусот.

Во Шведска, земја со 10,2 милиони луѓе, повеќе од 26.000 луѓе се заразени, а повеќе од 3.200 починаа. По избувнувањето на епидемијата, надлежните соопштија дека приоритет е заштитата на постарите од 70 години. Сепак, повеќе од 90 проценти од смртните случаи се лица над 70 години. Половина од нив биле жители на домови за стари лица и немоќни, додека една четвртина од оние што починале добиле здравствена заштита во нивниот дом, покажуваат податоците на шведскиот Национален одбор за здравство и социјална заштита.