Шведска воведе забрана за патници од Србија, која ќе важи од 20 септември, без оглед на потврда за вакцинација или прележан коронавирус.
Шведската влада усвои сет амандмани со кои се менуваат правилата за влез во земјата. Забраната за влез ќе биде воведена за земјите кои се изложени на висок ризик поради големиот број на луѓе заразени со коронавирусот.
Освен Србија, беше одлучено граѓаните на Албанија, Ерменија, Азербејџан и Јапонија да не можат да влезат во Шведска од 20 септември.
Граѓаните на Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Ватикан и Украина во моментов се ослободени од оваа забрана, но ќе мора да направат тест за коронавирус на самиот аеродром.
Според препораките на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот сертификат за коронавирус на ЕУ.
Обединетото Кралство е на листата на чекање, но најавено е дека прашањето за патниците од Велика Британија ќе се реши наскоро.