Роднините на старите лица кои не ја преживеаја епидемијата на ковид-19 во старските домови во Франција, сакаат менаџментот да биде повикан на одговорност за „неактивност и прикривање што довело до смрт на нивните најблиски“, изјави нивниот адвокат за РТ.

Неколку француски пензионери починаа во старечките домови во Шавил, Кламар и Клиши-ла-Гарен во март и во април, во екот на епидемијата на коронавирус која сè уште ја пустоши Франција. Сега, нивните семејства покренаа кривична постапка против нив.

Според локалните медиуми, кои се повикувааат на соопштение од канцеларијата на Јавното обвинителство, истражителите сега ќе проверуваат дали има некаква основа за отворање кривични дела како убиство, непомагање на лице во опасност и загрозување на животот на другите.

Во тужбите, роднините велат дека забележале влошување на условите за грижа и алармирале поради недостигот од основна заштитна опрема како што се маски и ракавици, но очигледно залудно.

Адвокатот Фабиен Аракелијан, кој ги застапува тужителите, откри детали од тужбата во која, исто така, се обвинуваат старските домови дека се вчудовидувачки бавни во тестирањето и заштитата на постарите лица. Нивниот бес се фокусира на отсуството или недоволна примена на правилата за безбедност, како и тестовите за ковид-19, кои воопшто ги немало или биле спроведени премногу доцна. Во некои случаи, тврдат тие, установите прикривале информации што значи дека семејствата не биле информирани за здравствената состојба на нивните најблиски.

– Смртните случаи не се изолирани инциденти, туку некаков системски неуспех. Иако тужбата е против менаџментот на старечки домови, засегнати се и регионалните здравствени власти, но нејзиниот опсег може да биде далеку поширок – вели адвокатот.

Неопходно е се добие правда и да се расветли овој случај, што, искрено, е скандал во здравството во услови на епидемиска криза. Аракелијан даде изјава кусот кратко време откако француските обвинители отворија истраги во домовите за стари лица во департманот Хот-де-Сен, што ги опфаќа западните внатрешни предградија на Париз.

Ова не е прва правна акција поврзана со коронавирусот во Франција. Во март, француските лекари побараа гонење на премиерот Едуард Филип и на екс-министерот за солидарност и здравје, Агнес Бужин, за небрежност и неспособност за дејствување соочени со кризата на ковид-19, која го турна системот за здравствена заштита на работ.

– Во одреден момент треба да се каже вистината, а тоа е дека овие луѓе нè лажеа уште од самиот почеток – изјави нивниот адвокат Фабрис ди Визио.