Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го демантира тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот.
Тој потсети дека симптомите на овие две болести се слични, но дека штетата која ја нанесува коронавирусот значајно поинаква од онаа што ја предизвикува грипот, пренесе Ен-би-си њуз.
Трамп претходно на Твитер напиша дека доаѓа сезоната на грип и дека многу луѓе секоја година умираат од грип, а дека тоа некогаш е и повеќе од 100.000 луѓе и покрај вакцината.
– Дали ја затворивме државата? Не, научивме да живееме со грипот, токму како што научивме да живееме со коронавирусот, кој кај поголем дел од популацијата е помалку смртоносен – напиша Трамп.
Фаучи оценува дека неодамна ширењето на инфекцијата во Белата куќа можело да се спречи.
Откако Трамп објави дека е позитивен на ковид-19, исти резултати добиваат се повеќе негови блиски соработници, а заразена е и првата дама Меланија Трамп.