Американскиот претседател Доналд Трамп го заврши лекарскиот третман против ковид-19 и овој викенд може да се врати на јавните обврски, изјави неговиот лекар.
Докторот Шон Конли рече дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека тој е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на прогресија на болеста, пренесува Би-би-си.
Според него, сабота ќе биде 10-от ден од утврдувањето на дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, тој ќе може да се врати на јавните должности.
Трамп треба да биде тестиран на ковид-19 денеска, и како што рече, се надева дека ќе одржи нов предизборен митинг викендов, најверојатно во Флорида.