Италијански и британски медицински експерти ја испитуваат можната врска помеѓу коронавирусот и збирот (кластерот) на сериозно воспалително заболување кај децата кои се носат во болница со висока температура и отечени артерии, пренесува „Ројтерс“.
Лекарите во северна Италија, една од најтешко погодените области за време на пандемијата, пријавија исклучително голем број на деца под девет години со сериозни случаи на нешто што наликува на болеста Кавасаки, присутна главно во делови од Азија.
Во Велика Британија, лекарите се соочија со слична ситуација, па министерот за здравство Мет Хенкок изјави на брифинг дека се „многу загрижени“ и лекарите се занимаваат со тоа прашање.
Болеста Кавасаки, чија причина не е позната, главно ги напаѓа децата под пет години и е поврзана со треска, чешање на кожата, оток на жлездите и во посериозни случаи, отекување на артериите на срцето. Директорот на англиското Национално медицинско здружение, Стифен Повис, на брифинг рече дека е свесен за извештаи за тешко болни деца кои страдаат од симптоми слични на болеста Кавасаки, но дека е премногу рано да се поврзе со коронавирусот.