Чешката влада во четвртокот донесе одлука да ги забрза плановите за ублажување на мерките за изолација, па така истите ќе завршат на 25 мај, а не на 8 јуни, како што првично се предвидуваше, соопшти чешкиот министер за индустрија и трговија, Карел Хавличек.
На 20 април, чешката влада со отворање на пазарите започна да ги ублажува мерките преземени кон средината на март, воведени поради пандемијата на коронавирус.
– Можеме да си дозволиме да ги укинеме ограничувањата побрзо, веќе не може да изгубиме ни ден за стопанството – рече министерот пред новинарите.
Од понеделник, библиотеките и зоолошките градини ќе бидат отворени. Од 11 мај, терасите на кафулињата и рестораните ќе примаат гости, кои ќе можат да седат и во затворен простор од 25 мај, односно две недели порано од првично објавениот датум.