Светската здравствена организација (СЗО) го поздрави напредокот во пронаоѓањето на ефективна вакцина против коронавирус, нагласувајќи дека безбедните и ефективни вакцини се моќно средство во борбата против ковид-19.
– СЗО го поздравува објавувањето на резултатите за ефективноста на кандидатот за вакцина Фајзер и Бионтек, особено за нејзината ефикасност кај постарата популација, што е најризично – соопшти организацијата на Твитер.
СЗО посочува дека голем број на луѓе ќе имаат потреба од вакцина за да се запре пандемијата на ковид-19.
– Потребни ни се неколку безбедни и ефикасни вакцини за да ги задоволиме потребите и да го смениме текот на пандемијата – се вели во соопштението.
Во него се истакнува дека „колку повеќе кандидати за вакцина се развиваат, толку се поголеми шансите за успех“.