Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на држави во кои е откриен новиот вид на коронавирус од Велика Британија се зголеми на 70, односно се прошири во уште 10 земји по 12 јануари.
Продолжува да се шири и новиот вид на коронавирус откриен во Јужна Африка, кој сега е присутен во 31 држава и територија. Бразилската варијанта, пак е присутна во вкупно осум држави.
СЗО соопшти дека варијантите на коронавирусот претставуваат различни верзии на оригиналниот вирус, кои се појавуваат со текот на времето поради различни мутации, додавајќи дек станува збор за нормална појава за вирусите. Во тек се истражувањата за утврдување зошто видот откриен во Британија е позаразен.