Истражување
Едно од четири лица може да не прими вакцина против коронавирус барем до 2022 година, бидејќи богатите земји со помалку од 15 проценти од светската популација имаат резервирано 51 процент од дозите на најперспективните вакцини.
Ова е дел од студијата објавена од научници од школата за јавно здравје Џонс Хопкинс во САД. Во истражувањето се наведува дека остатокот од вакцините ќе треба да го делат земјите со низок и среден приход, во кои живее повеќе од 85 проценти од светската популација.
Истражувачите тврдат дека ефективен одговор на пандемијата е земјите со високи примања да учествуваат во правичната дистрибуција на вакцината низ целиот свет.
– Несигурноста во врска со глобалниот пристап кон вакцината против корона се следи не само за време на клиничките испитувања, туку и поради неуспехот на владите и производителите на вакцини да бидат потранспарентни и одговорни во однос на овие прашања – велат тие.
Дури и ако вакцините од водечките производители го достигнат предвидениот максимален капацитет за производство, скоро 25 отсто од светската популација може да не прими вакцина уште една година или повеќе, а истражувачите од Џонс Хопкинс сметаат дека Ковакс, како институција на Светската здравствена организација (СЗО), може да има клучна улога во обезбедувањето поправеден пристап до одобрени вакцини, иако обезбеди само 500 милиони дози или далеку под целта за испорака на најмалку 2 милијарди дози до крајот на 2021 година.