Светската банка одобри план за помош од 12 милијарди американски долари за да им се овозможи на земјите во развој брз пристап до вакцините против ковид-19 кога ќе станат достапни.
Како што беше најавено, одборот на извршни директори на Светска банка вчера го одобри планот.
Парите ќе бидат искористени за „финансирање на набавка и дистрибуција на вакцини, тестови и третман на граѓаните на тие земји“, се вели во соопштението.
Оваа финансиска помош од Светската банка може да овозможи вакцинирање на до милијарда луѓе.
Целта на Светската банка е да испрати сигнал до истражувачката и фармацевтската индустрија дека граѓаните на земјите во развој исто така мора да имаат пристап до безбедни и ефективни вакцини против ковид-19.