Соединетите Американски Држави регистрираа скоро 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред.Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, во средата починале 1.973 луѓе, што е повеќе од претходниот ден кога биле пријавени 1.939 смртни случаи.
Ова беше втор најлош ден по бројот на жртви во светот откако започна пандемијата. Така, со 14.695 смртни случаи, според оваа црна статистика, САД ја надминаа Шпанија (14.555).
Италија има најголем број смртни случаи во светот, повеќе од 17.500. САД, со повеќе од 435.000 заразени е водечка држава во светот во овие негативни статистики.
Во Велика Британија, вчера за само едне ден беа потврдени 938 смртни случаи, што досега е најголем број на дневно ниво во оваа држава. Севкупно, бројот на заразени со коронавирус во светот надминува 1,5 милиони.