Бројот на пациенти кои починале од ковид-19 во британските болници во последните 24 часа изнесува 494, а вкупниот број на жртви од коронавирус е 33.186.
Според официјалните податоци, вчера биле тестирани 87.063 луѓе, речиси 13 илјади помалку од предвидените 100 илјади, колку што владата планирала секојдневно да направи.
До денеска вкупно 1.522.258 луѓе се тестирани, од кои 229.705 се позитивни.