Речиси милион луѓе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирус развиена од кинескиот фармацевтски гигант „Синофарм“, пишува Си-ен-ен.
Ова е дел од програмата за итни случаи одобрена од Пекинг и досега не се пријавени сериозни негативни ефекти.
Вакцината ја примија кинески градежни работници, дипломати и студенти.
Самата компанија развива две различни вакцини и не е јасно која вакцина е употребена.