Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен материјал за третман на пациенти со коронавирус.
Според агенцијата „Хина“, ова е прва ваква пресуда во Шпанија, една од државите најпогодени од епидемијата.
Во Шпанија, над 50.000 здравствени работници се заразија со вирусот во последните три месеци.
Во пресудата на судот се наведува дека владата на Арагон го загрозила здравјето и животот на здравствените работници и наредено е управата да ги опреми сите јавни и приватни здравствени установи со потребната опрема.
Пресудата, во која не се споменува компензација или други казни за одговорните, беше донесена откако синдикатот поднесе тужба.
Владата на Арагон на судењето тврдеше дека владата во Мадрид е одговорна за недостатокот на заштитна опрема, но судијата беше на мислење дека одговорноста е на автономните власти на покраината.