Кина денес објави значително зголемување на новите случаи на коронавирус. Во последните 24 часа потврден е 21 нов случаj, од кои 17 се во Пекинг.
Зголемувањето на случаите се случи еден ден откако Центарот за контрола и превенција на заразни болести објави дека ширењето на вирусот во Пекинг наскоро ќе биде ставено под контрола.
Епицентарот на заразата во тој град е пазарот што неодамна беше затворен, а повеќето нови случаи се поврзани со тoa жариште, пренесува АП.
Во Кина се регистрирани 83.483 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата, а починале 4.634 лица.