Рускиот државен институт за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, почна со клиничко испитување на потенцијалната вакцина против ковид-19.
Првиот доброволец ја прими вакцината и моментално се чувствува добро, пренесе агенцијата ТАСС.
Клиничките испитувања на вакцината, која ја разви рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, почнаа вчера, кога беше вакциниран првиот доброволец.
Тој засега нема никакви проблеми. Во согласност со планот, клиничките испитувања почнаа со петмина доброволци.
Првиот од нив ја прими вакцината вчера, следниот ќе ја прими вакцината на 30 јули, односно за 72 часа, а другите тројца ќе бидат вакцинирани во исто временско растојание.