Додека земјите ширум светот се „замрзнати“ во карантин, а милиони луѓе ги трошат средствата за живот и ги губат работните места, властите се надеваат на пробив кој ќе го означи крајот на пандемијата предизвикана од коронавирусот, односно на пронаоѓањето на вакцина, објавува Си-ен-ен.
Но, според експертите, постои и друга алтернатива – што ако воопшто не биде развиена вакцина. Наместо да се трудат да го искоренат ковид-19, одредени луѓе сметаат дека треба да научиме да живееме со него. Градовите полека ќе се отворат и слободата за движење ќе биде вратена, но ќе биде држена „на краток поводник“. Тестовите и социјалното дистанцирање ќе станат дел од секојдневието, а изолацијата ќе стане значителен дел дел од нашите животи.
Терапиите за вирусот исто така ќе бидат развиени, но епидемиите можат да се појават секоја година, а глобалната бројка на жртви постојано ќе се зголемува. Честопати политичарите оптимистички зборуваат за човечките испитувања и вакцините. Но, можноста за наоѓање на вакцина е сериозно сфатена од експертите, затоа што ваквите битки и судири со епидемии се случуваа постојано во минатото, и тоа честопати.
– Постојат вируси за кои сѐ уште немаме вакцина. Не можеме да претпоставиме дека ќе биде изнајдена вакцина, или доколку навистина биде пронајдена, дали таа ќе ги задоволува сите тестови за ефикасност и безбедност – вели доктор Давид Набаро, проферосор од Империјалниот колеџ во Лондон и специјален пратеник на Светската здравствена организација за ковид-19.
Повеќето експерти веруваат дека вакцината за ковид-19 брзо ќе биде развиена, бидејќи за разлика од маларијата и ХИВ, коронавирусот не мутира брзо.
– Од суштинско значење е општествата да се подготват себеси за финкционирање преку кое ќе можат да се одбранат од постојаната закана на коронавирусот. Луѓето исто така треба да се навикнат на постојаното присуство на ковид-19 и да продолжат претпазливо со нивните работа и живеење – вели Набаро.
Многумина, вклучително и директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, д-р Ентони Фаучи, посочуваат дека вакцина може да биде пронајдена за една година до 18 месеци. Други пак, како главниот медицински директор на Англија, Крис Вити, посочуваат дека создавањето на вакцина во рок од една година може да биде прерано. Но, дури и ако се развие вакцина, нејзиното усовршување во тие рамки би значел неостварлив подвиг, кој никогаш порано не е постигнат.
– Досега не сме откриле вакцина за одреден вирус во толку краток временски период. Потребен ни е план, но исто така и резервен план Б – вели Фаучи.
Во 1984 година, американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Маргарет Хеклер, на прес-конференција во Вашингтон објави дека научниците успешно го идентификувале вирусот кој подоцна стана познат како ХИВ, и предвидуваа дека превентивната вакцина ќе биде подготвена за тестирање во рок од две години. Речиси четири децении и 32 милиони смртни случаи подоцна, светот сè уште чека на вакцина против ХИВ.
Ако истата судбина се случи со вакцина за ковид-19, вирусот би можел да остане долги години со нас. Доколку не може да се произведе вакцина, животот нема да се одвива како досега, а нема да се врати и во нормала. Тоа значи дека, како што земјите полека ќе се ослободуваат од парализата предизвикана од вирусот, експертите најверојатно ќе инсистрираат владите да спроведат нов начин на живот и на интеракција сѐ додека да биде пронајдена вакцината која би го елиминирала ковид-19.