Во изминатите 24 часа во Италија починале 969 луѓе од коронавирус, а заразени се нови 5.909. Тоа е најголем број на починати лица како последица на коронавирус во еден ден во оваа земја.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, бројот на починати сега достигна 9.134.
Вчера дојде до конфузија со бројот на починати на дневно ниво, бидејќи поради техничка грешка беше објавен погрешен податок. Така што, првично беше објавено дека се починати 662, а подоцна тој број беше променет на вкупно 712.
Податоците во официјалната објава на италијанските власти, сепак, не се менуваа туку во денешната објава на бројот на починати во последните 24 часа, кој изнесува 919, му се додадени и тие 50 кои вчера не беа пресметани.
Во Италија дури 10.950 луѓе се хоспитализирани во болниците, откако се заразиле со коронавирус, а 3.732 се на интензивна нега.
Особено е тешка состојбата во Ломбардија, каде со последните 24 часа починале 541 човек.
Во средата во Италија починаа 683 луѓе, во вторникот 743, а во понеделникот 602. Во неделата починаа 650, а во саботата рекордни 793.