Мрежа на научници е во потрага по антитело кое не само што штити од ковид-19, туку и од други патогени кои можат да бидат закана за човештвото
Иако вакцините се сметаат за најголема надеж во борбата против ковид-19, десетици научни групи работат на алтернативната одбрана – моноклонални антитела, пишува „Њујорк тајмс“. Овие терапии стекнаа поддршка откако американскиот претседател Доналд Трамп, доби коктел со антитела произведен од „Регенерон“, истакнувајќи го неговото значење за закрепнувањето.
Моноклоналните антитела се извлекуваат од крвта на пациентите кои закрепнале од коорнавирус. Идеално, терапијата со антитела треба да се примени во рана фаза од болеста, дури и пред заразата како превенција, бидејќи може да пружи имунитет.
Десетици компании и научни групи се во трка за развој на терапии со антитела. „Регенерон“ и фармацевтската компанија „Ели Лили“ побараа дозвола за итна употреба на нивните производи од Администрацијата за храна и лекови.
Дел од научниците ги полагаат надежите во „Прометеј“, научната група која моментно заостанува зад конкуренцијата, а сепак би можела да го пронајде најмоќното антитело. „Прометеј“ претставува соработка помеѓу академските лаборатории, Армискиот медицински институт за заразни болести на САД и компанијата „Адимаб“.
Тестирањето на антителото што го истражува групата не се очекува да почне пред крајот на декември. За разлика од антителата произведени од „Регенерон“ и „Ели Лили“ кои исчезнуваат во телото за неколку недели, антителото на „Прометеј“ има цел да биде ефективно до шест месеци.
– Единечна доза има поголем ефект, односно може да лекува повеќе луѓе – вели Картик Чандран, вирологот кој е лидер на научната група.
Во лаборатористите тестирања врз глувци, антителото на „Прометеј“ штити не само од коронавирусот, туку и од САРС и од слични вируси, сугерирајќи дека третманот може да штити и од други коронавируси кои би можеле да се појават во иднина.
Моноклоналните натитела се вештачки синтетизирани копии на најефективните антитела произведени по природен пат од пациенти. Кон крајот на февруари „Абселера“ дојде до најсилното антитело меѓу 550 антитела извлечени од крвта на пациент заразен со ковид-19. Речиси три месеци подоцна „Ели Лили“ почна со тестирањето на синтетизираната верзија врз пациенти.
Но, ограниченото производство ги прави недостапни за повеќето луѓе. „Регенерон“ очекува да има доволно количестово од неговиот коктел со антитела за лекување на 300 илјади пациенти во следните неколку месеци. Компанијата би можела да дојде до годишно производство на околу два милиони дози. „Ели Лили“ пак, се надева дека ќе има достапни 100 илјади дози месецов. Производството на антитела е и скапо. Нивната цена се движи од 15 илјади до 200 илјади долари за годишна терапија, што би ги направило достапни само за најбогатите држави.