Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè уште на почетокот на пандемијата.
Таа денеска им се заблагодари на граѓаните на Германија.
Меркел сè уште не може да потврди дали ќе биде физички присутна на планираниот самит на Г7 во САД, рече нејзината портпаролка, а тоа ќе зависи од развојот на случувањата со пандемијата.