Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја поддржува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, во заканата дека ќе го блокира извозот на вакцините на „Астра зенека“ произведени во ЕУ.
– Имаме проблем со „Астра зенека“. Ја поддржувам претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен – истакна Меркел.
Европските официјални лица се бесни што „Астра зенека“ не успеа да ги достави договорените количини на вакцина против ковид-19.
Во предупредувањето до британско-шведскиот фармацевтски гигант минатата сабота, фон дер Лејен рече „пораката до ‘Астра зенека’ е прво да го исполни својот договор со Европа пред да започне да доставува до други земји“.
Фон дер Лејен нагласи дека „Астра зенека“ доставила само 30 проценти од 90 милиони дози вакцини што ги ветила за првиот квартал од годинава.