Во Германија се забележани 933 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани изнесува 170.508, покажуваат најновите податоци од институтот Роберт Кох.
Тоа е значително зголемување на бројот на новозаразени, откако претходниот ден имало 357 нови случаи, пренесува Би-би-си. Бројот на смртни случаи е зголемен за 116 и сега изнесува 7.533.
Германија почна да ги укинува мерките, но, поради зголемениот број на инфицирани, канцеларката Ангела Меркел вчера, во нејзиното најкратко обраќање, порача дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање и да носат заштита преку устата и носот и по ублажувањето на рестриктивните мерки.