Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 1.510 – на 226.914, според податоците на Институтот Роберт Кох.
Во Германија претходниот ден беа потврдени 1.390 случаи на инфекција со коронавирус.
Седум лица починаа од ковид-19, а вкупниот број на починати е 9.243, пренесува Ројтерс.
Канцеларката Ангела Меркел ги повика граѓаните на Германија да се придржуваат кон воведените правила за борба против коронавирусот, како што се носење маски, со цел да се спречи ширењето на пандемијата.