Малезиското Министерство за семејство објави упатства за жените кои работат од дома за време на карантин. Властите советуваат жените да бидат добро облечени, нашминкани и да се однесуваат како што би се однесувале на работа.
Тоа вклучува пристоен разговор со сопрузите и исклучува саркастични коментари или задевање.
Жените, исто така, не треба да навлегуваат во дискусии и расправии со сопрузите кои не сакаат да вршат домашни работи, а ако мажите изберат да им помогнат, жените треба убаво да им објаснат што да прават без иронични коментари.
Се препорачува кога жените зборуваат со своите сопрузи да го имитираат гласот на Доремон, лик од јапонски анимиран филм.
Соопштението предизвика лутина и гнев кај здруженијата за женски права во Малезија, кои го осудија ваквиот потег на владата, нарекувајќи го дискриминаторски и погубен за општеството.
Maлезија е рангирана на 104. место во однос на родовата еднаквост во светот.