Со премиерот Борис Џонсон во болница поради коронавирусот, британски „Гардијан“ го поставува прашањето кој ќе ја пополни празнината на чело на владата на Велика Британија.
Доминик Раб, државниот секретар е де факто заменик на премиерот и се очекува да го замени Борис Џонсон, ако тој не е во можност да работи поради болеста.
Додека другите министри, вклучувајќи го и секретарот за здравство Мет Ханкок и министерот за финансии Риши Сунак, беа повеќе присутни во јавноста за време на избувнувањето на ковид-19, позицијата на Раб значи дека тој ги презема одговорностите на премиерот, доколку Џонсон не може да ги извршува.
Досега, помошниците на премиерот инсистираа на тоа дека Џонсон може да продолжи да работи преку видеоврска, како и повеќемината. Но, синоќа Даунинг стрит соопшти дека се очекува Раб да претседава со денешниот владин состанок за коронавирусот, додавајќи дека и покрај обврските на Раб, Џонсон останува одговорен.