Коронавирусот провоцира антиглобалистичка параноја, но реалниот глобализам се распаѓа
Грешка е да се верува во повеќето теории на заговор, но исто така е грешка да се претпостави дека тие немаат никаква поврзаност со реалноста. Некои се само луди тврдења или намерни дезинформации. Но други ги преувеличуваат и погрешно ги толкуваат важните тренфови наместо да ги негираат или нудат несфатливи објаснувања за мистерии кои остануваат необјаснети, пишува Рос Доутат во неговата колумна за „Њујорк тајмс“.
Оваа вистина важи во ерата на Трамп, колку и во која било друга претходна ера. Вонземјаните веројатно не се меѓу нас, но ние и натаму добиваме докази дека феноменот на НЛО е вистински. „КуАнон“ (теорија на заговор според која припадниците на т.н. „длабока држава“ работат против Доналд Трамп – н.з.) е фантазија, но фактот дека моќни сексуални предатори имаат врски со претседатели, папи или принцови е тежок по вистината за Џефри Епстајн.
Понекогаш, теориите на заговор ја надживуваат реалноста што некогаш ги одржуваше, добивајќи на популарност како што вистинскиот свет ги прави нивните стравувања небитни. А понекогаш, како што тоа можеби се случува и сега, со заговорничкото размислување и т.н. поредок на Новиот свет. Од една страна, коронавирусот инспирира наплив на параноја за поредокот, возобновениот страв за интригантните елити кои имаат аспирации да владеат со светот. Истовремено, новиот светски поредок, сонот за глобална интеграција и транснационално управување се урива пред нашите очи.
Фразата „новиот светски поредок“ беше издвоена од страна на подложните на заговори од оптимистичката реторика на Џорџ Буш и оттогаш паранојата и фактите егзистираа испреплетено. Сега доби нов живот со одговорот за коронавирусот кој се толкува како претекст за своевидно преземање на контрола врз светот – со Бил Гејтс и со Ентони Фаучи посочени како потенцијални организатори на планот „тестирај и трагај“ за постојан надзор.
Но за разлика од 1990-те или 2000-те години кога паранојата за новиот светски поредок ги преувеличуваше вистинските случувања и трендови, сегашниот миг е спротивен од она за што се стравуваше. Наместо да доведе до некаква глобалистичка консолидација, владеењето на коронавирусот ги отплеткува интернационализмот насекаде.
Вирусот ги разоткри глобалните тела или како слаби и политички компромитирани, како во случајот на Светската здравствена организација, или речиси неважни како Обединетите нации. Тоа ги врати цврстите граници, ја отежна миграцијата и ја префрли моќта од меѓународно на национално ниво и од национално на локално ниво. И поттикна обновено ривалство на големите сили со распаѓањето на „Чимерика“ и демнењето на транс-пацифичка студена војна.
Одредени облици на тестирање можат да ја зголемат моќта за надзор во технолошката индустрија, но од секој друг аспект трендовите и институциите што провоцираат параноја за новиот светски поредок веројатно ќе излезат од кризата дискредитирани или трајно ослабени.
Привремената негација не значи дека либералниот поредок ќе го отстапи патот на новото постлиберално доба, а ниту слабостите на СЗО или на ЕУ не значат дека глобализмот, идеолошкиот и институционалниот, едноставно ќе исчезнат. Но во постпандемската ера либерализмот и глобализмот би можеле да изледаат како зомби-идеологии, духови од поамбициозното и утописко минато, отколку како сили кои се способни да инспирираат надеж или страв.
А тие што сега се плашат од нив, дури и до степен на параноја и заговор, можеби ќе сфатат дека погрешно го протолкувале горкиот самрак на глобалистичката ера како зора на новиот светски поредок.