Во светот има 25,61 милиони луѓе кои се заразиле со новиот коронавирус, а 851.300 починале, покажуваат податоците коишто ги објави Ројтерс.
Пандемијата зафати 210 земји и територии, откако во Кина се појавија првите случаи на инфекција во декември минатата година.
Соединетите Американски Држави сè уште се на прво место со 6.046.185 заболени и 183.381 смртни случаи, по што следат Бразил со 3.908.272 пациенти и 121.381 смртни случаи, Индија со 3.691.166 пациенти и 65.288 смртни случаи и Русија со 1.000.048 заразени и 17.299 смртни случаи.