Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство, а болеста одзела и четири животи.
На лекување се 1.727 лица, се следат 12 сомнителни случаи, додека 1.027 лица се во изолација поради сомнеж дека се заразени.
Нема регистрирани нови случаи во Вухан, од каде вирусот започна да се шири речиси во целиот свет.Во Кина, официјално се евидентирани вкупно 81.620 заразени лица, додека 3.322 починале од вирусот, пренесува АП.