Околу седум проценти од луѓето во Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на случаен примерок.
Како што објави Канцеларијата за национална статистика, примероци се земени од 885 луѓе.
Во студијата се оценува дека во Англија еден од 15 луѓе бил заразен, пренесе Би-би-си.
Во анализата се проценува дека во Англија моментално се заразени 133.000 луѓе, што е 0,24 отсто од популацијата.
Британскиот премиер Борис Џонсон најпрво во март заговараше стратегија на колективен имунитет и не сакаше веднаш да воведе рестриктивни мерки, но поради притисокот на јавноста се откажа од таа стратегија.