Европа учи како да живее со коронавирусот, но одредени држави избираат различни начини во нивниот обид да се вратат во нормала, пишува „Политико“.
Бројот на заразени повторно се зголемува поради ширењето на делта-видот. Но ова е помала грижа за европските лидери откако вакцините го намали бројот на хоспитализации и смртни случаи. Ваквата ситуација значи дека лидерите на ЕУ ги менуваат гледиштата за пандемијата.
– 200 е новото 50 – кажа германскиот министер за здравство Јенс Шпан, сметајќи неделната стапка од 50 нови случаи на 100 илјади жители како критична, откако се намали бројот на хоспитализирани пациенти.
Европа влезе во нова фаза од пандимијата, но политичарите имаат потешкотии да се справат со новата ситуација, односно со ефектот од вакцините, ризикот од новите варијанти и потенцијалното избивање на сериозни заболувања. Истовремено Европејците очајнички бараат начин да се вратат во нормала, при што лидерите сакаат да го покренат и економскиот развој.
– Европа е во необична положба. Имавме многу успех во кампањата за вакцинација, но тоа ниво се уште не е доволно високо за да ја спречи заразата на многумина – вели епидемиологот Кристовер Дај.
Според Дај, луѓето сакаат да продолжат со вообичаениот начин на живот, но постои ризик ако потполно престанат да се грижат.
– Луѓето сакаат пандемијата веќе да не биде доминантна во нивните животи и да продолжат понатаму. Не сакаат да зборуваат за вирусот секојдневно. Кога тоа ќе се случи, ќе научиме да живееме на овој начин. Но можноста за носење големи одлуки од политичка перспектива ќе исчезне – смета епидемиологот.
Со ширењето на делта-видот повеќе држави се мачат за да постигнат рамнотежа. Франција и Италија имаат попретпазлив пристап, барајќи доказ за вакцинација за одредени професии. Обединетото Кралство, пак, отиде во спртивен правец и ги укина сите рестрикции минатата недела, како пандемијата да е завршена. Здравствените експерти истовремено повикуваат на претпазливост.