Веќе милион Американци ја примија првата доза на вакцината против коронавирус, објави директорот на главната федерална агенција за јавно здравје, Роберт Редфилд.
Вакцинацијата започна пред десет дена.
Сепак, Монсеф Слауи, главен советник за владината програма за вакцинирање, за новинарите изјави дека е тешко да се постигне целта за имунизација на 20 милиони луѓе до крајот на годината.
САД имаат за цел да вакцинираат 100 милиони луѓе пред крајот на првиот квартал на 2021 година, и уште 100 милиони до крајот на вториот квартал.
Редфилд, сепак, повика на продолжување на мерките за физичко растојание и носење маски.
Досега во САД се одобрени две вакцини, на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“.