Светската здравствена организација не е сигурна дали присуството на антитела во крвта обезбедува целосна заштита од повторни инфекции на коронавирус, истакна Мајк Рајан, еден од водечките експерти во СЗО.
– Голем дел од прелиминарните информации укажуваат на тоа дека прилично мал процент од населението се здобил со антитела – кажа Рајан.
Според него, мали се индикациите оти голем број на луѓе ги развиле антителата, дури и во случај да се ефикасни, односно дека почнуваат да обезбедуваат групен имунитет.