хотел „Палау“

Хотел „Палау“ е отворен во 1982 година, пред Палау да стане популарна дестинација. Оттогаш оваа мала земја, опкружена со Тихиот Океан, доживеа процут на туризмот.

Во 2019 година во Палау допатуваа 90.000 туристи, пет пати повеќе отколку што местото има жители. Податоците на ММФ од 2017 година покажуваат дека туризмот сочинува 40 отсто од бруто домашниот производ на оваа земја.

Границите на Палау се затворени од крајот на март. Тоа е една од десетте земји на светот без ниеден потврден случја на коронавирус. Меѓутоа, иако никој не е заразен, вирусот се одрази на целата земја.

Хотелот „Палау“ е затворен. Рестораните се празни, продавниците за сувенири не работат, а единствени хотелски гости се локалните жители што се вратени од странство и што мораат да останат во карантин.

Земји без случаи на ковид-19

Палау

Микронезија

Маршалски Острови

Науру

Кирибати

Соломонски Острови

Тувалу

Самоа

Вануату

Тонга

– Океанот овде е најубав на светот – вели Брајан Ли, менаџер на хотелот „Палау“.

Пред пандемијата неговите 54 соби работеле со полн капацитет, ама кога се затвориле границите, целиот извор на приход го снемало.

Тамошниот претседател неодамна најави дека авионските патувања можно е да се вратат од 1 септември.

Околу 4.000 километри источно, се наоѓаат Маршалските Острови, кои исто така немаат забележано ниеден позитивен случај. Меѓутоа, исто како и со Палау, тоа што нема зараза, не значи дека нема последици.

Хотелот „Роберт Рајмерс“ се наоѓа на копнениот појас на главниот атол, со лагуна од едната и океан на другата страна. Пред епидемијата, 37-те соби биле полни, а гостите главно доаѓале од Азија, пацифичките земји или САД.

Откако се затвориле границите од почетокот на март, капацитетот е пополнет со три до пет отсто.

– Имавме неколку пати гости од околните острови – вели Софија Фаулер, која работи за овој хотелски ланец.

Се очекува земјата да изгуби повеќе од 700 работни места за време на рецесијата, што е најголем економски пад што го доживелата оваа земја од 1997 година.

Меѓутоа, самоизолацијата нема да влијае само на туризмот. Маршалските Острови многу повеќе живеат од рибната индустрија. На бродовите што потекнуваат од погодените земји, им е забранет влез во оваа земја.

Иако затварањето на границите на овие земји предизвика економски колапс, многумина не сакаат тие да се отворат.

Во јули владата најави дека ќе ги отворат границите за побезбедните земји, меѓутоа бројката на заразени порасна во Австралија и Нов Зеланд и тој план е одложен.

Што можат да сторат земјите без коронавирус?

Единствената мерка што се чека е вакцина.

– Заедничкиот сет на стандардни тестирања и карантински установи во случај на зараза. Се зборува за сето тоа, меѓутоа нема напредок. Дури и да се отворат границите, за Австралија и Нов Зеланд нема да се отворат, а тие се најголем пазар на туризмот, така што би ризикувале двојна криза – и здравствена и економска – вели Ромел Рабанал од Азиската банка за развој.