Од почетокот на вакцинацијата против ковид-19, десетици илјади луѓе биле вакцинирани во Велика Британија, објави Ројтерс, повикувајќи се на изјавата на британскиот министер за здравство Мет Ханкок.
– До денес, започнавме со вакцинирање во 73 болници низ Велика Британија и десетици илјади луѓе се вакцинирани – рече Ханкок на прес-конференција откако Маргарет Кенан, 90-годишен Британец, стана првата личност во светот што примила одобрена вакцина од Физер и Бионтек.
Велика Британија е првата западна земја што започна со масовна вакцинација на населението. Вакцината се прима двапати, а од првиот до вториот круг за вакцинирање треба да поминат три недели, потсетува Ројтерс.