Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на глобален прекин на огнот за да може светот да се фокусира на борбата против пандемијата на коронавирусот.
– Време е да се стави крај на вооружените конфликти и да се фокусираме заедно на вистинската борба за нашите животи – рече Гутереш во видеообраќањето, пренесува Ројтерс.
Тој истакна дека вирусот не бира националност или религија, а во меѓувреме вооружените конфликти беснеат низ светот.
Гутереш предупреди дека здравствените системи во завојуваните земји се распаднати и во нив има малкумина здравствени работници.