Кина пријави 57 нови случаи на ковид-19 за 13 јуни, што е највисока дневна бројка во последните два месеца.
Националната здравствена комисија соопшти дека 38 нови потврдени случаи се пренесени локално и дека 36 од нив биле во Пекинг. Ова е најголем број на дневни случаи на коронавирус за кинескиот главен град откако властите започнаа со објавување на податоците.
Пекинг забележа скок во новопотврдените случаи во последните шест дена, откако започна масовното тестирање на пазарот Ксинфади во југозападниот градски округ Фенгтаи.
Округот силно ги заостри безбедносните мерки, а главниот град забрани туризам и спортските настани во саботата од страв од нов бран на ковид-19.
Деветнаесет нови случаи биле т.н. увезени случаи поврзани со странски патници, а освен тоа, Кина пријави и девет асимптоматски случаи.
Вкупниот број на случаи на ковид-19 во Кина сега изнесува 83.132, додека бројот на смртни случаи остана непроменет – 4.634. Кина во статистиката не ги вклучува асимптоматските пациенти кои се заразуваат со вирусот, но не покажуваат никакви симптоми.