Пред точно една година, регистриран е првиот случај на коронавирус. Станува збор за 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од овој вирус.
Нулта пациентка е регистрирана, според „Чајна Морнинг пост“, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан. Научниците се сомневаат дека Ковид-19 од лилјаците преминал на друго животно, по што започнал да се шири меѓу луѓето.
Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, по неколку пациенти биле пријавувани секој ден, а на 15 декември 2019 година, бројката се искачила на 27. Потоа бројките тогаш почнаа да вртоглаво се зголемуваат, а заразата ја премине кинеската граница и се рашири низ светот. Речиси не остана ниту една област на земјината топка каде што не продре опасниот вирус.
Иако повеќе од 38 милиони луѓе се опоравиле за една година, вирусот не се откажува и се чини дека врвот допрва доаѓа. Денес, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, бележи неколку случаи на ден, додека во САД има 150.000 новоинфицирани, а во некои европски земји над 40.000. Повеќе од 86.000 луѓе се заразени во Кина од почетокот на пандемијата, а 4.634 починале. Во моментов, најголем број заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.