Бројот на заразени со коронавирус во Холандија денес надмина 10.000 лица, соопштија здравствените власти.
Холандскиот Национален институт за здравство потврди дека бројот на заразени лица се зголемил за 1104, на 10.866 лица.
Во последните 24 часа починаа 132 лица, а вкупниот број на починати сега изнесува 771 лице.
– Како и претходните денови, бројот на хоспитализирани пациенти и починатите расте побавно отколку што се очекуваше без мерки – објави Националниот институт во земјата.