Британскиот премиер Борис Џонсон е во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус, изјави портпаролот на кабинетот.
– Тој ќе продолжи да работи од неговата канцеларија на Даунинг стрит, вклучително и на стратегијата на Владата против пандемијата на коронавирусот – изјави портпаролот.
Џонсон беше хоспитализиран со коронавирус во април. Според портпаролот, овој пат тој е добар и нема симптоми на ковид-19.